Ирански министер ја откажа посетата на Виена поради израелското знаме

Иранскиот министер за надворешни работи ја откажа средбата со својот австриски колега за да изрази незадоволство од владата на канцеларот Себастијан Курц, која го развеа израелското знаме во Виена за поддршка на земјата, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф требаше да се сретне со Александар Шаленберг, но го откажа своето патување, изјави портпаролката на австрискиот министер, потврдувајќи ги написите во весникот Ди пресе.

„Жалиме поради тоа и го примаме на знаење, но јасно ни е дека кога Хамас испука повеќе од 2.000 ракети врз цивилни цели во Израел, не можеме да молчиме“, рече портпаролката за милитантната група што управува со појасот Газа.

Израел изведува воздушни напади врз таа палестинска енклава, а Палестинците возвраќаат со ракетни напади врз израелска територија во најголемите судири од средината на минатата деценија, со досега повеќе од 150 мртви.

Бранот насилства доаѓаат во време кога во Виена се преговара за повторно активирање на договорот од 2015 година со западните сили во кој Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од тој договор, по што Иран повторно почна да збогатува ураниум на нивоа забранети со договорот.

Произраелскиот премиер Курц го нарече поставувањето на израелското знаме на зградата на владата во петокот чин на солидарност во време на насилен конфликт. Овој потег беше критикуван и од Абас Аракчи, водачот на иранската делегација на разговорите во Виена.

„Виена е седиште на Агенцијата за нуклеарна енергија и Обединетите нации, а Австрија досега беше добар домаќин на преговорите“, напиша Аракчи.

„Шокантно и болно е да се види знамето на окупаторскиот режим, кој за неколку дена брутално уби неколку десетици невини цивили, вклучувајќи и многу деца, на зградите на владините канцеларии во Виена. Стоиме зад Палестина“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе