Ирански командант: Уривањето на дронот е „јасна порака до САД“

Командантот на Иранската револуционерна гарда вели дека соборувањето на американското беспилотно летало испратило „јасна порака“ до Америка.

Генералот Хосеин Салами рече, исто така, дека Иран „нема намера да војува со ниту една земја, но ние сме подготвени за војна“.

Неговиот говор во четвртокот беше пренесуван во живо на иранската државна телевизија, кратко време откако американските и иранските официјални претставници соопштија дека е урнато беспилотното летало.

Гардата вели дека го соборила американскиот дрон над иранскиот воздушен простор, додека официјалните претставници на САД за Асошиејтед прес соопштија дека соборувањето се случило во меѓународниот воздушен простор во Ормускиот проток.

Воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда соборија „американски шпионски дрон“, кој бил навлезен во иранска територија, се вели во соопштението на ИРГК објавено денес. Дронот, идентификуван како Ар-кју 4 Глобал хок од државната новинска агенција ИРНА, летал над Кух Мубарак во провинцијата Хормозган.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе