Летал со соборениот дрон

Ирански командант: Можевме да собориме и американски воен авион со 35 луѓе во него, но се воздржавме

Иран можел да собори и американски воен авион полн со луѓе, кој летал со соборениот дрон, вели ирански командант.

„Целта на Иран со соборувањето на беспилотното летало беше да ги предупреди 'американските терористички сили', затоа што можевме да урнеме и американски воен авион 'П-8', кој леташе покрај беспилотното летало Ар-кју 4Ц, но не го урнавме: бригадниот генерал Хаџизадех“, објави на Твитер агенцијата Тасним.

Воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда вчера соборија „американски шпионски дрон“, за кој велат дека бил навлезен во иранска територија. Дронот, идентификуван како Ар-кју 4 Глобал хок од државната новинска агенција ИРНА, летал над Кух Мубарак во провинцијата Хормозган.

Американската Централна команда, пак, рече дека дронот се наоѓал во меѓународен воздушен простор.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе