Ирански генерал: Сите кои сакаат нивната земја да стане „главното боиште“, нека тргнат против нас

Командантот на Иранската револуционерна гарда Хосеин Салами предупреди денес дека секоја земја што ќе го нападне Иран ќе стане „главниот фронт“ на конфликтот.

„Сите кои сакаат нивната земја да стане главното боиште, нека тргнат на нас“, кажа генералот на конференција за новинарите во Техеран.

Тој додаде дека Техеран никогаш нема да дозволи војната да се случи на територијата на Иран.

Шефот на Пентагон Марк Еспер изјави дека САД испраќаат засилување во регионот на Арапскиот Залив по нападот врз саудиските нафтени инсталации кои му ги препишуваат на Иран.

САД испраќаат засилување на барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе