Иранската телевизија пушти снимка како доказ дека САД „не собориле дрон“ во Ормускиот Теснец (ВИДЕО)

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимка за која вели дека го побива тврдењето на САД дека собориле иранско беспилотно летало над Ормускиот Теснец, бидејќи на неа е опфатен периодот откако наводно е уништен дронот.

Елитната воена единица ја објави снимката денеска и таа беше емитувана и коментирана во живо на државниот канал Прес ТВ. На видеото наводно се гледа американскиот воен брод УСС Боксер, кој пловел низ Теснецот во раните утрински часови на 19 јули, според покажаниот временски период.

Иранските власти велат дека ова видео е во спротивност со временската рамка презентирана од Вашингтон, кој тврди дека го уништил беспилотното летало во четвртокот, и додаваат дека сите ирански беспилотни летала безбедно се вратиле во своите бази.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе