Иранската Револуционерна гарда вежба гаѓање Американци (ВИДЕО)

Иранската Револуционерна гарда лансираше разорен балистички проектил во рамки на вежбата на симулиран, показен напад врз американската флота во Ормускиот Теснец.

EPA-EFE

Во составот на „американската флота“, меѓу другите пловила, има и макета на носач на авион, јави денес иранскаа државна телевизија, а пренесува Асошиејтед прес.

Паралелно е симулиран и напад со дронови на командниот мост на виртуелниот носач на авиони, но во извештаите не е наведени кои ракетни системи се користат.

Со ракетната вежба Техеран недвосмислено упати порака до Вашингтон, бидејќи во видео материјалот за симулираниот напад има и повик на врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во кој бара одмазда за американскиот напад со дрон во јануари во кој беше убиен еден од најмоќните ирански генерали Касим Сулејмани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе