Објавена снимка

Иранската ракетна база од која беше извршен нападот врз американските трупи во Ирак (ВИДЕО)

Иранската државна телевизија синоќа објави снимки на кои наводно се прикажуваат подготовките пред ракетниот напад на Техеран врз воздухопловната база Ај ел Асад, во која се сместени американски трупи во Ирак.

На снимките се гледаат магацини на непозната локација во кои се чуваат ракетите, како и подготовките на офицерите на Револуционерната гарда за лансирање, пренесува Раша тудеј.

Иранската новинска агенција ФАРС објави вчера дека врз американската база биле лансирани повеќе наведувани ракети како одмазда за минатонеделниот напад со дрон во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани на меѓународниот аеродром во Багдад.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе