Иранската морнарица сопре грчки танкер во Персискиот Залив (ВИДЕО)

Иранската воена морнарица накратко го конфискувала грчкиот нафтен танкер Вила во Ормускиот Теснец кој пловел по знамето на Либерија.

EPA-EFE

Ова се случува во момент на засилени тензии меѓу САД и Иран. Американските оружени сили објавија снимка на која се гледа како припадници на иранските псецијални сили од хеликоптер се спуштаат на танкерот.

Иранците го задржале танкерот околу пет часа, а потоа му дозволиле да го продолжи пловењето.

Во извештајот се наведува дека екипажот на грчкиот танкер под либериско знаме не испратил повик за помош ни пред, ни за време, ни по упадот на иранските специјалци.

Американски извори јавија дека во операцијата учествувале уште два ирански десантни брода.

Иран ги контролира сите операции во Оманскиот Залив на источната страна на Ормускиот Теснец низ кој минува околу 20 отсто од светската нафта.

Техеран сѐ уште не се огласил за инцидентот, па не е позната причината за интервенцијата на иранската морнарица. Нема информации ни од грчката компанија која е сопственик на танкерот Вила.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе