Надја Мурад

Иранска бегалка: ИСИС ми ги уби мајката и браќата, Трамп: Каде се тие сега? (ВИДЕО)

Доналд Трамп предизвика бурни реакции поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на Нобеловата награда за мир, ирачката језидска активистка Надја Мурад. Младата жена, која стои зад Трамп на средбата, е една од 27-те преживеани од верски прогон што во средата го посетија Трамп.

Додека Надја Мурад зборуваше за своите мртви родители, Трамп ја праша: „Каде се тие сега?“ и побара од неа да му ја каже причината поради која ја добила наградата. „Можеби можеш да кажеш“, ѝ рече американскиот претседател.

Снимката од нивниот краток разговор наскоро стана вирална.

Надја Мурад преживеала сексуално ропство од Исламска држава. Исламските екстремисти ја измачувале и ја силувале, а откако избега од заробеништво, таа стана лицето на кампањата за ослободување на Језидите.

Мурад во своето обраќање пред Трамп рече дека, и покрај тоа што ИСИС веќе ја нема во Ирак, курдските и ирачките власти сè уште се борат за контрола врз областа во која живееле Језидите и го повикаа да интервенира.

„Вие можете да го решите нашиот проблем денес, сега нема ИСИС, но ние не можеме да се вратиме бидејќи курдските и ирачките власти се борат едни против други за тоа кој ќе ја контролира мојата област и не можеме да се вратиме ако не можеме да го заштитиме нашето достоинство, нашите семејства“, рече Мурад.

„Но ИСИС замина“, кратко вели Трамп.

Мурад му вели дека ИСИС ги убила мајка ѝ и шесте браќа.

„Каде се тие сега?“, прашува на тоа Трамп.

„Ги убија. Сега се во масовните гробници во Синџар. А јас сè уште се борам само за да живеам безбедно. Ве молам сторете нешто“, одговара Мурад.

„Многу добро ја знам областа“, вели Трамп. „Многу силно ќе го испитам тоа.“

Но тоа не е сè.

„Ти доби Нобелова награда?“, ја прашува Трамп, а кога таа одговара потврдно, тој ѝ вели: „Фантастично. А од која причина ти ја дадоа на тебе? Можеби можеш да објасниш.“

„Од која причина?“, вели таа. „Па бидејќи по сè што се случи, не се откажав. Се погрижив сите да дознаат дека ИСИС силуваше илјадници језидски жени. Тоа беше првпат жена од Ирак да излезе и да разговара за тоа што се случило.“

„О, навистина? Ова е првпат?“, изненадено вели Трамп.

„Ова е првпат“, одговара таа.

„Значи, ти избега?“, вели Трамп.

„Избегав, но сѐ уште немам слобода, бидејќи ниеден член на ИСИС не излезе на суд“, вели Мурад, по што Трамп ја уверува дека ќе го испита сето тоа.

Објавено

Недела, Јули 21, 2019 - 11:20

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе