Иранците по грешка го потопиле сопствениот лажен носач на авиони (ФОТО)

Иранската војска по грешка ја потопила баржата која им служеше како макета за гаѓање во воени вежби.

EPA-EFE

Баржата, направена да личи на американски носач на авиони, беше направена пред шест години и првично била наменета за снимање филм кој никогаш не бил реализиран. Една година подоцна била опремена со макети на авиони и гаѓана во рамки на вежбата „Деветтиот голем пророк“, пишува Форбс.

Оштетеното пловило потоа со години стоеше во пристаништето Бандар Абас, седиштето на морнаричките сили на Иран.

Неодамна била поправена и на 28 јули одвлечкана до Ормускиот теснец, клучната поморска рута која ги поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив. Тука служела како полигон за иранските командоси, а потоа била гаѓана со ракети од копно, море и воздух.

Иако се чини дека ништо непланирано не се случило на вежбата, Форбс пишува дека на сателитските снимки се гледа дека макетата на носачот на авиони речиси се превртела пред пристаништето Бандар Абас, каде што била враќана по вежбите.

Сателитските снимки покажуваат дека макетата се навалила за повеќе од 90 степени, што значи дека била оштетена многу повеќе од планираното.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе