Иранците бираат нов претседател

Во случај ниту еден кандидат да не освои 50 отсто од гласовите, ќе има второ гласање, но се смета дека тоа е малку веројатно бидејќи поголемиот дел од кандидатите се повлекоа.

Повеќе од 56 милиони Иранци денес бираат нов претседател на изборите на кои актуелниот шеф на државата Хасан Рохани е главен ривал на конзервативецот Ебрахим Раиси, близок на иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хаменеи.

Изборите се одржуваат во атмосфера на напнати односи на земјата со САД по доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп на власт, кој во саботата, кога ќе бидат соопштени резултатите од изборот, ќе престојува во Саудиска Арабија, главниот регионален ривал на Иран.

Рохани (68), припадникот на умерената струја, во 2013 година бил избран во првиот круг со мандат од четири години. Уставот му овозможува уште еден мандат.

Со поддршка на врховниот верски, Рохани успешно ги водеше преговорите со шесте големи сили за спорната иранска нуклеарна програма. Овие преговори во јули 2015 година доведоа до историскиот договор со кој е укинат дел од меѓународните санкции врз Иран.

Конзервативниот Раиси (53) ирански преговарач за нуклеарниот договор ги обвини за „слабост“, но не го доведe во прашање самиот договор. Неговата позиција би можела да биде зајакната со новите санкции кои денес САД им ги воведоа на Иран поради програмата за развој на балистички проектили.

Иако претседателот на државата во Иран се бира на избори и го претставува иранскиот народ на меѓународната сцена, шефот на државата мора да се држи до политичките насоки утврдени од врховниот верски водач.

Во случај ниту еден кандидат да не освои 50 отсто од гласовите, ќе има второ гласање, но се смета дека тоа е малку веројатно бидејќи поголемиот дел од кандидатите се повлекоа. Според неофицијални анкети, Рохани има предност.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе