По убиството на најмоќниот генерал

Иран: Жестоко ќе ѝ се одмаздиме на Америка

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, го нарече денешниот американски напад во Багдад „акт на меѓународен тероризам“, објавувајќи дека САД „ја сносат одговорноста за сите последици од својот одметнат авантуризам“. Во нападот загина најмоќниот воен командант на Иран, генералот Касем Сулејмани.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, рече дека „тешка одмазда ги чека криминалците“ што стојат зад нападот. Тој најави и три дена национална жалост.

Мохсен Резаи, поранешниот командант на Револуционерната гарда, рече дека Иран „жестоко ќе ѝ се одмазди на Америка“. Портпаролот на иранската влада изјави дека највисокото тело за безбедност во земјата ќе се состане за неколку часа за да разговараат за „криминалниот напад“.

Генералот Сулејмани и официјални лица од иранската милиција го напуштале аеродромот во Багдад во два автомобили кога биле погодени од американско беспилотно летало во близина на карго-област, пишуваат американските медиуми.

Командантот, наводно, долетал од Либан или Сирија. Неколку ракети го погодиле конвојот, а се смета дека загинале најмалку пет лица.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека водачот на ирачката милиција Абу Махди ал-Мухандис е меѓу убиените.

Во соопштението на Пентагон се вели: „По наредба од претседателот, американската армија презеде решителна дефанзивна акција за заштита на американскиот персонал во странство, убивајќи го Касем Сулејмани“.

„Целта на овој напад е одвраќање на идните ирански планови за напад. Соединетите Држави ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни активности за да ги заштитат нашите луѓе и нашите интереси каде и да се наоѓаат низ целиот свет“.

Нападот со беспилотното летало доаѓа неколку дена откако демонстранти ја нападнаа американската амбасада во Багдад, судирајќи се со американските сили. Пентагон соопшти дека генералот Сулејмани ги одобрил нападите врз амбасадата.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе