„Освен ако не се случи американска агресија“

Иран: Завршивме

„Иран ја заврши одмаздата за убиството на генералот Касим Сулејмани и нема да презема нови воени активности, освен ако не се случи американска агресија“, рече иранскиот амбасадор во Обединетите нации Маџид Tахт-Раванчи.

„Нашата акција беше пропорционална на убиството на Касим Сулејмани. Нашата акција е завршена. Ако Американците не дејствуваат воено против Иран, што се однесува до нас, нема да напаѓаме“, одговори Taхт-Раванчи на прашањето на ТАСС за реакцијата на Техеран на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп рече дека САД се подготвени за мир со Иран, но исто така најави и нови, построги санкции кон Техеран.

Иранскиот дипломат додаде дека Техеран дејствувал во согласност со членот 51 од Повелбата на ООН за правото на самоодбрана.

„Но ако решат да дејствуваат воено, Иран нема да има друг избор освен да одговори“, додаде тој.

Иран изврши ракетни напади врз две бази со американски трупи во Ирак како одговор на американското убиство на генералот на револуционерната гарда Касим Сулејмани.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе