Иран започна ракетна вежба и покрај затегнатите односи со САД

И покрај тензиите меѓу Иран и Соединетите Држави, иранската војска во средата започна поморски вежби со ракети со краток дострел, објави иранската државна телевизија.

EPA-EFE/IRANIAN ARMY

Една од најголемите ракетни програми на Блискиот исток се наоѓа во Иран и таа земја го смета за важен начин за одвраќање и одмазда против САД и други непријатели во случај на војна.

Западот верува дека иранските ракети претставуваат воена закана за регионалната стабилност како конвенционално оружје, но и како потенцијално нуклеарно оружје доколку Иран го развие.

Во дводневната вежба со ракети со краток дострел во Оманскиот залив учествува воениот брод Макран од иранско производство, во медиумите опишан како најголем ирански воен брод, и бродот Зерех со лансирни рампи за ракети.

Тензиите меѓу Вашингтон и Иран се во пораст од 2018 година, кога Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор постигнат три години порано. Соединетите Држави воведоа санкции за да извршат притисок врз Иран да се согласи на посилни ограничувања на неговата нуклеарна програма, на развојот на балистички ракети како и на поддршката што им ја дава на другите сили во регионот.

Во последните години повремено доаѓа до конфронтации меѓу иранските и американските сили во тој залив каде Техеран одржува годишни вежби за да ја покаже воената моќ на државата.

Иранската револуционерна гарда минатата недела во заливот заплени танкер под знаме на Јужна Кореја и го приведе екипажот во време на зголемени тензии поради блокирање на иранските средства во јужнокорејските банки поради американските санкции.

На почетокот на 2019 година, Иран ги засили тензиите на најпрометниот нафтен воден пат со запленување на танкерот Стена Имперо под британско знаме, две недели откако британски брод пресретна ирански танкер кај Гибралтар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/IRANIAN ARMY

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе