Иран заплени нов танкер

Иран заплени уште еден танкер во Заливот зашто наводно шверцувал 250.000 литри дизел гориво до Обединетите Арапски Емирати, јави полуофицијалната новинска агенција ИСНА.

Според непотврдени информации, во танкерот има 11 члена на екипажот, кои им припаѓаат на Обединетите Арапски Емирати, а кои ги пресретнала Иранската револуционерна гарда.

Оваа заплена се случува во време на сè поголема меѓународна напнатост по нападот врз нафтена инсталација во Саудиска Арабија викендов.

Соединетите Држави директно го обвинија Иран дека го нападнал најголемото нафтено поле, поради што денес цените на нафтата драстично скокнаа. Иран ги негираше обвинувањата.

Иран, кој има едни од најниските цени на гориво во светот, како резултат на тешките загуби и падот на неговата национална валута се бори против шверцот со гориво по копно кон соседните земји и арапските држави кај Заливот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе