Иран: Врховниот лидер им нареди на вооружените сили да се борат против коронавирусот

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи им нареди на вооружените сили на Иран да му помогнат на Министерството за здравство во спречувањето на ширењето на новиот коронавирус.

Одлуката доаѓа во време кога Иран се соочува со најголем број смртни случаи по Кина и голем број заразени со новиот коронавирус.

Али Хамнеи ја објави одлуката за време на церемонија на садење дрва во Техеран.

„Сè што помага во подобрување на јавното здравство и го спречува ширењето на вирусот, е добра работа. Сè што помага во ширењето на вирусот е грев“, рече Хамнеи. Властите во Иран наведоа дека планираат да мобилизираат околу 300.000 војници и волонтери за да помогнат во борбата против вирусот.

Бројот на починати во Иран се искачи на 77 заклучно со вторникот наутро, што е најголем број на смртни случаи од коронавирус надвор од Кина.

Заменик-министерот за здравство на земјата на државната телевизија објави дека биле потврдени 835 нови случаи на зараза, како и 11 починати во изминатите 24 часа.

Така вкупниот број на потврдени случаи во Иран изнесува 2.336 - што го прави Иран глобално жариште на коронавирус, покрај Италија и Јужна Кореја.

Полу-официјалните ирански новински агенции објавија денес дека шефот на иранската медицинска служба за итни случаи заболел со коронавирусот.

Во исто време, пратеникот Абдолрез Месри за програмата на Клуб на млади новинари на Иранската државна телевизија изјави дека 23 члена на парламентот имаат коронавирус, објави АП.

„Овие луѓе имаат блиски односи со луѓето и носат различни вируси од различни делови на земјата, што може да создаде нов вирус, поради што препорачуваме пратениците засега да ги прекинат односите со јавноста“, рече Месри.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе