Спротивно на нуклеарниот договор

Иран во следните 10 дена ќе го зголеми производството на ураниум потребен за нуклеарна бомба

Портпаролот на иранската атомска агенција рече дека земјата во следните 10 дена ќе ја надмине границата за залихи на ураниум утврдена со нуклеарниот договор на Техеран со светските сили.

Бехруз Камалванди ова го кажа на денешната конференција за печатот во живо на иранската државна телевизија.

Тој разговараше со локалните новинари во иранскиот центар за тешка вода Арак.

Камалванди рече дека Иран ќе ги зголеми нивоата за збогатување на ураниум „врз основа на потребите на земјата“.

Минатата недела во регионот се случија наводни напади врз танкери за нафта за кои Вашингтон го обвини Иран. Периодов се зголемени тензиите меѓу Иран и САД, една година откако претседателот Доналд Трамп унилатерално ја повлече Америка од нуклеарниот договор.

Камалванди призна дека земјата веќе за четири пати го зголемила своето производство на ниско збогатен ураниум.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе