Иран уапси 17 шпиони поврзани со ЦИА, некои добија смртна казна

Иранските тајни служби открија ланец за шпионажа од 17 члена кој работел против земјата, според државните медиуми. Некои од агентите добија смртна казна, пренесе Ројтерс.

Државната телевизија го цитираше Министерството за разузнавање дека разбиле мрежа за разузнавање на ЦИА и уапсиле 17 осомничени. Официјален претставник на Министерството изјави дека некои од уапсените се осудени на смрт, објави полуофицијалната новинска агенција Фарс.

Ова соопштение доаѓа по тримесечната конфронтација со Западот, која започна кога нови построги американски санкции стапија на сила на почетокот на мај. Минатата недела Иран заплени британски танкер во Ормускиот теснец, откако британската Кралска морнарица заплени ирански танкер на брегот на Гибралтар на 4 јули.

„Идентификуваните разузнавачи беа вработени во чувствителни и витални центри од приватниот сектор од економска, нуклеарна, инфраструктурна, воена и сајбер област... каде што собирале класифицирани информации“, се вели во изјавата на министерството на државната телевизија.

Веднаш не е јасно дали апсењата се поврзани со случајот од јуни кога Иран објави дека открил голема мрежа на сајбер шпионажа за која тврди дека е раководена од ЦИА и дека како резултат на таа акција неколку американски шпиони биле уапсени во различни земји.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе