Иран тврди дека запленил уште еден странски танкер

Иранската Револуционерна гарда запленила странски танкер со 700.000 литри нафта и седум членови на екипажот, соопшти иранската државна телевизија наведувајќи дека бродот шверцувал нафта за арапските држави.

„Поморските сили на иранската Револуционерна гарда запленија странски нафтен танкер во Персискиот Залив кој шверцувал нафта за некои арапски земји“, соопшти телевизијата.

Се наведува дека танкерот „превезувал 700.000 литри гориво. Седумте членови на екипажот на танкерот, кои се од различни националности, се приведени“.

Минатиот месец Иран заплени британски танкер во Ормускиот теснец бидејќи наводно ги прекршил поморските правила, а набрзо потоа иранските сили сопреа и втор брод, кој го пуштија да отплови по предупредувањето.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе