САД тврдат дека не е нивен

Иран тврди дека урнал непријателски дрон, истражува кому му припаѓа (ВИДЕО)

Иранските сили урнаа денес беспилотно летало на некоја странска држава, соопшти државната новинска агенција ИРНА повикувајќи се на владини извори.

„Урнатото беспилотно летало сигурно ѝ припаѓа на странска земја. Неговите остатоци се преземени и почна истрагата“, соопшти гувернерот на иранската јужна покраина Кузестан Голамреза Шаријати.

Изворот и иранските медиуми не открија дали станува збор за воено или цивилно беспилотно летало ниту на која држава ѝ припаѓа.

„Урнато е над иранскиот воздушен простор со оружје од домашно производство, со проектил земја-воздух „мерсад““, пренесе полуофицијалната новинска агенција Тасним.

Во јуни Иран урна неименувано американско беспилотно летало и тоа над јужен Иран, според тврдењата на елитната воена единица Чувари на исламската револуција, што Вашингтон го негираше тврдејќид ека било урнато над меѓународниот воздушен простор во Ормускиот теснец.

Реагирајќи на најновата вест, американската Централна команда соопшти дека ниеден дрон опериран од американската војска не е изгубен. Израел, уште една страна која лета разузнавачки дронови во иранскиот воздушен простор, одби да го коментира инцидентот.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе