Иран тврди дека соборил американски дрон, американската војска не коментира

Иран собори американски дрон за разузнавање Ар-Кју 4 над провинцијата Хормозган, тврди Техеран. Американската војска одби да коментира.

Воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соборија „американски шпионски дрон“, кој бил навлезен во иранска територија, се вели во соопштението на ИРГК објавено денес. Дронот, идентификуван како Ар-кју 4 Глобал хок од државната новинска агенција ИРНА, летал над Кух Мубарак во провинцијата Хормузган.

Ар-кју 4 вообичаено летаат на голема надморска височина за да спроведат разузнавачки мисии.

САД сè уште немаат реакција за тврдењата, иако Пентагон во неделата го обвини Иран за неуспешен обид да собори американски Рипер дрон, кој минатата недела посматрал еден од нафтените танкери нападнати во Оманскиот Залив.

Портпаролот на американската централна команда ЦЕНТКОМ, капетанот Бил Урбан за АП изјави: „Немаше дрон над иранска територија“.

Тензиите меѓу САД и Иран се високи, со гласини дека САД планираат „тактички напад“ како одговор на минатонеделните напади врз јапонски и норвешки танкери за нафта во Оманскиот Залив. Додека САД за нападите веднаш го обвинија Иран, објаснувањето на државниот секретар Мајк Помпео за нападите значително се разликува од искуствата на јапонските морнари од едниот нападнат брод, па дури и американските сојузници побараа дополнителни докази пред да се вклучат во обвинувањето на Иран.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе