Иран тврди дека лесно може да ги гаѓа американските бродови во Персискиот Залив

Иран соопшти дека „со леснотија“ може да ги гаѓа американските бродови во Персискиот Залив, продолжувајќи ја повеќедневната размена на остри закани на Техеран и Вашингтон, додека висок ирански функционер лобира против американските санкции и се обидува да го спаси нуклеарниот договор кој го отфрли американскиот претседател Доналд Трамп.

Тензиите меѓу двете држави се заострија откако Иран минатата недела објави дека ќе почне со повлекување од клучни делови на нуклеарниот договор од 2015, чија цел е да го спречи Техеран да развие нуклеарна бомба и од кој Вашингтон минатата година се повлече.

САД подолго од една недела тврдат дека иранските власти или нивните сојузници на Блискиот Исток подготвуваат напади врз американските интереси и таму испрати носач на авиони, бомбардери Б-52, ракетни системи „патриот“ и други воени бродови.

„Дури и нашите ракети со краток дострел можат со леснотија да стигнат до американските бродови во Персискиот Залив“, изјави Мохамед Салех Џокар, висок офицер на елитната Револуционерна гарда, а пренесе агенцијата Фарс. „Америка не може да си приушти нова војна и таа земја е во лоша ситуација во поглед на работната сила и социјалните услови“.

На САД им се закани и генерал мајорот Абдулрахим Мусави. „Ако непријателот се прецени и направи стратегиска грешка, ќе доживее одговор поради кој ќе зажали“, изјави тој.

Угледниот пратеник Хесматолах Фалахатпишех повика на Твитер да се формира „кризна група“ меѓу Иран и САД за да се спречи војна.

„Лидерите на САД и Иран ја отфрлаат војната, но трети страни со сите сили се трудат да уништат голем дел од светот. Кризната група треба да се формира во Ирак или во Катар и во неа би требало да има функционери на двете страни и да се ублажат тензиите“, додаде пратеникот на чело на парламентарниот одбор за национална безбедност.

Министерот за надворешни работи Џавад Зариф, кој е во посета на Јапонија и Кина, кажа дека меѓународната заедница и преостанатите потписници на нуклеарниот договор би требало нешто да направат, а не само да „изразуваат поддршка“.

„Ако меѓународната заедница смета дека договорот е важно достигнување, тогаш би требало да преземе практични чекори, како што тоа го прави Иран“, кажа Зариф. „А под практични мерки мислам на конкретно нешто – иранските економски односи мора да се нормализираат“, истакна тој.

Врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави во вторникот дека „нема да има војна“ со САД и оцени дека одмерувањето на силите меѓу Техеран и Вашингтон повеќе е тестирање на решителноста на двете страни отколку можжен воен судир.

И Трамп во четвртокот кажа се надева дека САД не се движат кон војна со Иран.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе