Иран тврди дека конфискувал британски нафтен танкер во Ормускиот теснец

Иранската револуционерна гарда тврди дека запленила британски нафтен танкер Стена имперо кој одеднаш свртел од курсот и се упатил кон иранските води.

Сопствениците на бродот издале соопштение во кое се вели дека им било „пријдено од неидентификувани мали бродови и хеликоптери за време на преминот на Ормускиот теснец додека бродот бил во меѓународни води“.

„Во моментов не сме во можност да контактираме со бродот кој сега е упатен северно кон Иран“, се вели во соопштението на сопствениците, Стена Булк и менаџерите на бродот Нордерн марин, пренесе Гардијан.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека итно разгледува што се случило со Стена Имперо, 30.000 тонски брод што плови под британско знаме, упатен кон Саудиска Арабија, кога одеднаш ги напуштил меѓународните поморски патеки низ Ормускиот теснец и според податоците за следење е упатен кон север кон иранскиот остров Кешм, каде Иранската револуционерна гарда има голема база.

Револуционерната гарда издаде соопштение во кое се вели дека го заплениле Стена Имперо, цитирајќи го меѓународниот поморски закон за нивната акција.

Британската влада соопшти дека „ја проценува ситуацијата по извештаите за инцидентот во Заливот“.

Министерството за одбрана нагласи дека има бродови во областа, но дека не може да даде дополнителни информации за тоа што се случило.

Инцидентот се случува откако денес властите во Гибралтар објавија дека го продолжуваат притворањето на иранскиот танкер, Грејс 1, запленет од британската кралска морнарица, под сомневање дека испорачува нафта во Сирија, прекршувајќи го ЕУ ембаргото. Иран го осуди запленувањето како чин на „пиратство“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе