„Кошмар за непријателите“

Иран тврди дека изградил „подземни ракетни градови“ вдолж брегот на Персискиот Залив

Техеран изгради повеќе „ракетни градови“ и на брегот и во внатрешноста, вдолж својот јужен брег, соопшти шефот на иранската Револуционерна гарда, нарекувајќи ги објектите „кошмар за непријателите“.

EPA-EFE

Мрежата вклучува подземни бункери, како и крајбрежни пловечки платформи, соопшти контраадмиралот Али Реза Тангсири за весникот Соб е садек викли.

„Иран воспостави подземни крајбрежни и копнени ракетни градови вдолж бреговите на Персискиот Залив и Оманскиот Залив, кои ќе бидат кошмар за нашите непријатели“, истакна Тангсири.

Републиканската гарда сега е присутна „насекаде“ во овие води – морнарицата има 23.000 војници и 428 фотили вдолж јужната граница, додаде адмиралот. Тангсири исто така најави нови проектили со долг дострел, како и модерни воени пловила „незамисливи“ за непријателите на државата.

Елитните воени трупи на Иран очигледно имаат фетиш кон подземни објекти, и постојано сугерираат дека имаат добро скриени резерви на проектили како и капацитети за нивно лансирање, па дури и целосно подземни фабрики. Досега нема никаков доказ за морнаричките објекти на Републиканската гарда.

Персискиот Залив минатата година стана жариште на странски воени активности, по неколку поморски инциденти, вклучувајќи мистериозни напади врз танкери со нафта. САД и Британија веднаш, без докази, го обвинија Иран за овие инциденти, но Техеран отфрла каква било поврзаност, истакнувајќи го недостигот од докази. Вашингтон испрати дополнителни сили во областа за „безбедно“ пловење.

Иран, од својата страна, постојано истакнува дека самиот е способен за одржување на потребната безбедност во регионот, и бара од странските земји да ги напуштат проблематичните води.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе