Иран: Трамп е терорист во одело

Иран денес го прогласи американскиот претседател Доналд Трамп за „терорист во одело“ откако тој се закани дека ќе нападне 52 ирански цели во случај на ирански напади врз Американци или американските интереси во одмазда за убиството на воениот командант Касем Сулејмани.

„Како ИСИС, како Хитлер, како Џингис! Сите тие мрзеле други култури, Трамп е терорист во одело. Многу брзо ќе ја научи историската лекција дека никој не може да ја порази „големата иранска нација и култура“, објави министерот за информации и телекомуникации Мухамед Џавад Азари Џахроми на Твитер.

Сулејмани, највлијателниот ирански воен командант, бепе убиен во петокот во американски анпад со дрон врз неговиот конвој кај аеродромот во Багдад. Убиството го одведе долготрајното непријателство на Вашингтон и Техеран во неистражени води и ги зголеми шансите за поголем конфликт на Блискиот Исток.

Сулејмани беше архитектот на иранските воени операции и тајни мисии во странство и командант на специјалните ирански сили Кудс.

Рамп синоќа на Твитер му се закани на Иран дека САД држат на нишат „52 ирански мети“ и дека некои се важни за иранската култура.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе