Доколку европските земји се жалат во ОН

Иран се закани дека ќе излезе од договорот за неширење на нуклеарното оружје

Техеран би можел да го напушти Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ) доколку европските земји се обратат до Советот за безбедност на Обединетите нации околу нуклеарниот договор од 2015 година.

Договорот НПТ од 1968 година е основа за контрола на глобалната трка во нуклеарно вооружување, вклучувајќи го и договорот на шесте големи светски сили со Иран од 2015 година.

„Доколку Европејците продолжат со своето непримерно однесување или околу прашањето на Иран се обратат до Советот за безбедност, ќе продолжиме да се повлекуваме од НПТ“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.

Договорот НПТ го потпишаа 190 земји, а единствена која се повлече е Северна Кореја, потсетува Ројтерс.

Освен лошата волја која ја покажуваат некои европски земји, вратата за преговори со нив не е затворена и топката е во нивниот двор, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи на Иран Абас Мусави.

Но, како што додаде, „мислам дека Иран не е подготвен да преговара за условите кои тие ги имаат на ум“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе