Се зголемуваат тензиите поради воздушните напади во Сирија

Иран се закани дека ќе го „елиминира Израел од лицето на Земјата“

Израелската армија соопшти дека извршила одмазднички воздушни напади врз иранските цели во Сирија.

Шефот на иранските воздухопловни сили рече дека е подготвен да се бори против Израел и да го елиминира од лицето на Земјата, откако израелската армија соопшти дека извршила одмазднички воздушни напади врз иранските цели во Сирија, што е првпат отворено да тврди дека извршила конкретна акција во оваа земја уништена од војната.

Бригадниот генерал Азиз Насирзаде се јави откако една мониторинг-група  соопшти дека 11 лица загинале во израелските напади, во кои беа погодени магацини за складирање муниција на меѓународниот аеродром во Дамаск, иранска разузнавачка локација и воен камп за обука.

Руската војска објави дека четворица сириски војници се меѓу убиените. Немаше дополнителни детали за жртвите или за нивните националности.

Израел рече дека ги извршил нападите како одговор на ракетата земја-земја што иранските сили Кудс во неделата ја испукаа од Сирија кон скијачки центар во Голанската висорамнина окупирана од Израел, а која беше пресретната од израелската воздушна одбрана.

Необичното соопштение се чини дека го означува крајот на долгогодишната политика на молчење на Израел за активностите во соседна Сирија, вели британски Индипендент.

Како одговор на тоа, иранскиот бригадир Насирзаде даде жестока изјава за „Клубот на млади новинари“, веб-сајт надгледуван од државната телевизија, предизвикувајќи страв од понатамошно разгорување помеѓу двајцата стари непријатели.

„Младината во воздухопловните сили е целосно подготвена и нетрпелива да се соочи со ционистичкиот режим и да го елиминира од лицето на Земјата“, рече тој.

Генерал-потполковникот Џонатан Конрикус, портпарол на израелската армија, во меѓувреме, рече дека иранските сили во неделата попладне го погодиле скијачкото одморалиште Хермон, на Голанската висорамнина, користејќи проектили со среден дострел од периферијата на Дамаск. Иран не одговори на ова тврдење.

Портпаролот на армијата го нарече баражот напад со „предумисла“ за да се одврати Израел од спроведување воздушни напади против Иран и „дефинитивен доказ“ за намерите на Иран да се вкопа во Сирија.

„Тоа е цивилна локација и таму имаше цивили. За нас ова е неприфатлив напад од страна на иранските војници“, рече тој утрово. „Освен тоа, областа од која Иранците ја испукаа ракетата е област за која ни беше ветено дека Иранците нема да бидат присутни во неа.“

„Знаеме дека тоа не било направено спонтано, туку дека било напад со умисла“, додаде тој.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други израелски официјални лица последниве денови отворено зборуваа за нападите на земјата во Сирија. Некои аналитичари велат дека тоа е дел од обидот на премиерот да ги промовира своите безбедносни капацитети пред предвремените избори што ги закажа на 9 април.

Но Израел, исто така, ризикува директни конфронтации со Сирија и со Иран, како и со Русија, вели Индипендент.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе