Иран се закани: Ако САД или Саудиска Арабија нѐ нападнат, ќе настане сеопшта војна

Секој американски или саудиски воен удар врз Иран би довел до „сеопшта војна“, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, пишува Ројтерс.

„Сериозно порачува, дека ние не сакаме војна, дека не сакаме воен конфликт. но во случај на напад врз нашата територија, веднаш ќе возвратиме“, порача денес Мохамед Џавад Зариф во разговор за Си-ен-ен.

На прашањето какви ќе бидат последиците од американски или саудиски воен удар врз Иран, Зариф кажа дека таквата акција ќе доведе до „сеопшта војна“.

Соединетите Американски Држави разговарале со Саудиска Арабија и другите заливски сојузници за можните одговори на неодамнешниот напад врз саудиските нафтени објекти. Сметаат дека за нападот е одговорен Техеран.

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија покажа вчера наводни материјални докази за вмешаноста на иранскиот режим во нападот врз нафтената инсталација во Абкаик, односно куп остатоци од беспилотни летала (дронови) и крстосувачки проектили.

„Податоците кои ги симнавме од компјутерите на дроновите покажуваат дека тие му припаѓаат на Иран“, кажа портпаролот на саудиското министерство Турки ал Малики.

Зафир и понатаму негира вмешаност на Иран во нападите, а претходно на Твитер предупреди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го туркаат американскиот претседател Доналд Трамп во војна против Иран.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе