Иран сè посериозно го крши меѓународниот нуклеарен договор

Иран продолжува сè посериозно да го крши меѓународниот нуклеарен договор од 2015 и сега збогатува ураниум на напредни центрифуги во подземниот објект Натанз, јавува Ројтерс.

EPA-EFE

Техеран во последно време сè повеќе и сè почесто го крши договорот и со тоа го притиска американскиот претседател Џо Бајден, додава британската агенција и потсетува дека двете страни изразуваат волја за враќање во рамките на договорот, но под услов другата страна да го направи првиот чекор.

Иран почна да го крши договорот во 2019 како одговор на повлекувањето на САД од меѓународниот договор и повторното воведување на санкции против режимот во Техеран.

Според договорот, Иран може да прочистува ураниум само во Натанз, користејќи притоа центрифуги од првата генерација ИР-1. Минатата година, меѓутоа, Иран почна да збогатува ураниум во низа далеку поефикасни машини, центрифуги од новата генерација ИР-1м, и најави инсталирање три дополнителни кластери или каскади на напредни центрифуги.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) објави дека Иран го завршил инсталирањето на една од трите најавени каскади со 174 центрифуги ИР-2м, а на 30 јануари Иран почна за напојување на центрифугите да користи ураниум хексафлуорид (UF6).

ИАЕА потврди дека Иран почнал со збогатување ураниум во втората каскада.

Иранскиот амбасадор во ИАЕА Казем Гарибабади на Твитер напиша дека Техеран го почнал инсталирањето на центрифугите ИР-6 во Фордо, објект вкопан длабоко во планина во кој ураниумот се збогатува до 20-отстотна чистота.

Претходно денес израелскиот министер за енергетика предупреди дека на Иран сега му се потребни околу шест месеци да произведе доволно фисиски материјал за едно нуклеарно оружје.

Иран негира дека зад збогатувањето ураниум стои желбата за производство на нуклеарно оружје и истакнува дека тоа го прави само за цивилни потреби.

Според договорот од 2015, Иран смее да збогатува ураниум само до 3,67-отстотна чистота.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе