Иран се подготвува за лансирање, но дали на вселенска ракета или на балистички проектил?

Иран ги разгневи САД подготвувајќи лансирање во својот вселенски центар - но дали Исламската Република лансира вселенска ракета или балистички проектил?

Иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека државата планира во орбитата да постави два домашно произведени сателити за домашни цели. Тој истакна дека сателитите, кои ќе бидат лансирани со лансирна ракета Симорг, ќе помогнат да се следат временските прогнози и земјоделските активности. Но официјалните претставници на Вашингтон стравуваат дека технологијата ќе биде искористена за лансирање интерконтинентални балистички проектили способни во иднина да стигнат до САД. Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека таа е „речиси идентична на онаа што се користи во балистичките ракети“.

Тој додаде: „САД нема да седат на страна и да гледаат како уништувачките политики на иранскиот режим ги доведуваат меѓународната стабилност и безбедност во ризик. Му советуваме на режимот да ги преиспита овие провокативни лансирања и да ги прекине сите активности поврзани со балистички ракети, со цел да се избегне подлабока економска и дипломатска изолација“.

Иран постојано вели дека неговите намери се мирољубиви, а копнените станици на сателитот се наречени „Доусти“ (пријателство), вели новинската агенција Тасним.

Сателитските слики на Исламскиот вселенски центар Имам Хомеини откриваат зголемување на бројот на возилата во близина на лансирната платформа и зградата каде што се градат ракетите.

Маркус Шилер, основач на независната консултантска фирма СТ Аналитикс во Германија и експерт за вселенската програма на Иран, смета дека земјата е искрена.

За НПР тој изјави дека иако иранската вселенска програма има воено потекло, таа се базира на стари, неефикасни советски дизајни.

„Иран секогаш тврди дека не сака да гради интерконтинентални балистички проектили, а дека сака да продолжи со вселенска програма. Тоа е она што јас сега го гледам“, рече Шилер.

Друг експерт се согласува, велејќи дека историјата на ракетниот развој во неколку земји укажува дека старите проектили обично стануваат вселенски ракети, а не обратно.

Мајкл Елеман, физичар и виш соработник за ракетна одбрана на Меѓународниот институт за стратегиски студии, за НПР вели дека САД лансирањето сателит од Северна Кореја претходно го нарекуваа „технологија на балистички ракети“, а ОН ги заострија санкциите.

Но тој вели дека нацијата на Ким Џонг Ун продолжи да ја развива својата вселенска програма и дека кога таа навистина изгради балистички проектили во 2017 година, тоа биле поинакви проектили, во кои биле користени други видови мотори и горива.

„Уште поважно е што кога Северна Кореја навистина направи интерконтинентални балистички проектили, таа направи поинакви интерконтинентални балистички проектили“.

Иран, исто така, инсистираше дека лансирал неколку сателити во орбитата и дека не ги крши санкциите.

Но Помпео рече дека тоа ја крши резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за нуклеарниот договор во 2015 година, кој „го повикува“ Иран да не тестира балистички проектили.

Сега се зголемува стравот дека САД ќе воведат санкции против Иран како резултат на ова.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе