Иран: САД пропуштија историска прилика

Иранскиот претседател Хасан Рохани кажа дека Соединетите Американски Држави пропуштиле историска прилика да ги укинат санкциите против Иран за време на траењето на епидемијата на коронавирусот.

Рохани во телевизиски пренос на седница на кабинетот изјави дека ова била одлична прилика за САД да ги укинат неправедните санкции кои му ги воведоа на Иран по повлекувањето од нуклеарниот договор, пренесува Ројтерс.

Санкциите негативно влијаат врз борбата против вирусот ковид-19 во земјата, истакна Рохани.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе