Иран: САД дејствуваат сами, нивните сојузници се срамат од нив

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф порача дека Соединетите Американски Држави дејствуваат сами против Иран и дека нивните сојузници „се срамат“ да им се придружат во коалицијата за следење на танкерите во Персискиот Залив, стратегиски важната област која е во центарот на тензиите.

„Денес Вашингтон е изолиран во светот и не може да состави коалиција. Земјите кои им се пријатели премногу се срамат да бидат со нив во коалиција“, кажа Зариф на прес конференција.

Тој потврди дека одбил покана во Белата куќа да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и покрај заканите дека ќе му бидат воведени санкции кои на крајот и му беа воведени минатата недела.

САД и Иран од 2018 година се во конфликт околу нуклеарната програма на Техеран, со навредлива реторика и напади врз нафтени танкери во Персискиот Залив за кои сад го обинуваат Иран, како и уривање на американски дрон.

„Со кршењето на законите сами си создадоа таква ситуација и поттикнаа тензии и криза“, кажа Зариф.

Иран е одговорен за безбедноста во Ормускиот теснец и нема повеќе да трпи „кршење на поморското право“ таму, кажа денес шефот на иранската дипломатија, еден ден откако Иран зароби втор нафтен танер во близина на стратегискиот теснец под обвинение дека шверцувал нафта.

„Иран знаеше да замижи на некое кршење на поморското право во Заливот, но тоа повеќе нема да го прави. Иран е одговорен за безбедноста во Ормускиот теснец и во регионот“, кажа тој на прес конференцијата во Техеран.

САД поради тензиите и заканите во Персискиот Залив во јуни предложија формирање коалиција, но тешко ја спроведуваат во дело.

„Пироманот не може да биде и пожарникар“, кажа Зариф, оценувајќи дека по доаѓањето на Американците во регионот нема ништо друго освен „насилство, војна и колеж“.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе