На „неконвенционален начин“

Иран продолжува со извозот на нафта и покрај санкциите

Иран ќе продолжи да извезува нафта преку „неофицијална или неконвенционална продажба“ и покрај американските санкции, изјави министерот за нафта Биџан Намдар Занганех.

На почетокот на мај Соединетите Американски Држави ги укинаа отстапките кои се однесуваа на осум земји – Кина, Јужна Кореја, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Тајван и Турција – за да можат да продолжат со купување иранска нафта не кршејќи ги притоа американските санкции донесени еднострано притив Иран во 2018 година.

„Постои можност за неофицијална или неконвенционална продажба. Таа е тајна бидејќи, ако знаат за неа, Соединетите Држави веднаш би ја сопреле“, кажа Занганех во интервју за иранска медиумска куќа кое го пренесе Шана, агенцијата на министерството за нафта.

Занганех одби да даде и најмал детал за продажбата на нафтата, додавајќи дека не сака да објави какви било бројки „сѐ додека не се укинат санкциите“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај 2018 ги повлече САД од Меѓународниот нуклеарен договор склучен во 2015 во Виена, истовремено воведувајќи низа економски санкции против Иран, особено насочени на нафтениот сектор.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе