Коронавирус

Иран привремено ослободи 85.000 затвореници, вклучително и политички

Иран привремено ослободи околу 85.000 затвореници, вклучително и политички затвореници како одговор на епидемијата на коронавирусот, рече денес портпарол на судството, јави Ројтерс.

Бројот на починати во Иран од коронавирусот достигна 988 и потврдени се вкупно 16.169 лица заразени низ целата земја, една од најтешките епидемии надвор од Кина, од каде потекнува новиот вирус.

„Досега се ослободени околу 85.000 затвореници... Исто така, за да се спротивставиме на појавата презедовме мерки од претпазливост во затворите“, рече портпаролот на судството, Голамхосин Есмаили.

Тој не образложи кога ослободените ќе треба да се вратат во затвор.

Еден ден откако Иран ослободи 70.000 затвореници на почетокот на март, Специјалниот известувач на ОН за човекови права во Иран, Џаваид Реман рече дека го повикал Техеран привремено да ги ослободи сите политички затвореници од преполните затвори за да помогне во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Реман рече дека се ослободени само оние што издржуваат казни помали од пет години, додека затворениците обвинети за потешки казни и оние кои учествувале во антивладини протести останале во затвор.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе