Иран претстави огромна подземна фабрика за проектили, со нови ракети и боеви глави (ВИДЕО)

Техеран го обелодени своето најново оружје, а сподели и ретки снимки од таинствен подземен комплекс каде што се градат иранските проектили. Иран вети дека ќе продолжи со својата ракетна програма, и покрај приговорите од Западот.

Новиот проектил на Иран беше демонстриран во четвртокот, при што највисоките воени претставници го открија оружјето и, во досега невиден потег, ја покажаа подземната фабрика. Локацијата на објектот не беше обелоденета, од очигледни причини.

Објектот беше опишан од иранските медиуми како „подземен град“ - а неговата големина се чини доста импресивна. Снимките од местото покажуваат огромни ходници, полни со разни ракетни делови, вклучувајќи и боеви глави, сите во различни фази на склопеност.

За новата ракета, наречена Дезфул, се вели дека е надградена верзија на балистичката ракета Золфагар. Има подолг опсег од 1.000 километри - во споредба со 700 - и има „двојно“ поголема деструктивна моќ. Иранските медиуми, исто така, објавија снимки од тестовите на новиот ракетен систем, за кои се вели дека биле успешни.

„Покажувањето на овој објект за производство на проектили длабоко под земја е одговор на западњаците... кои мислат дека со санкции и закани можат да нѐ спречат да ги достигнеме нашите цели“, рече командантот на Иранската револуционерна гарда Мохамед Али Џафари за време на презентацијата.

Во понеделникот Советот на ЕУ соопшти дека е „сериозно“ загрижен поради „балистичката ракетна активност“ на Техеран, повикувајќи ја земјата „да се воздржи“ од тоа.

Соопштението на ЕУ дојде кратко време откако Техеран ја претстави новата домашна ракета, за која рече дека има опсег од преку 1.350 километри. Додека ракетната програма на Иран постојано е критикувана од Западот, Техеран тврди дека има само дефанзивна намена и дека не доаѓа предвид таа да се прекине.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе