Иран предупредува: „И ние би можеле да почнеме да се однесуваме непредвидливо како САД“

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф предупреди дека Техеран би можел да постапи „непредвидливо“ одговарајќи на „непредвидливите“ политики на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Заемната непредвидливост ќе доведе до хаос. Претседателот Трамп не може да биде непредвидлив и да очекува од другите да бидат предвидливи. Непредвидливоста ќе доведе до заемна непредвидливост, а непредвидливоста е хаотична“, кажа Зариф во говор на Стокхолмскиот институт за мировни истражувања (СИПРИ).

„Арапите во Заливот не можат да постигнат стабилност во регионот трошејќи милијарди долари за купување западно оружје. Никакво странско воено присуство во Заливот не може да ја спречи несигурноста“, кажа иранскиот министер.

Тој истакна дека арапските земји во Заливот не би требало да се обидуваат да „купуваат безбедност однадвор“ и го осуди испраќањето воени морнарици во Персискиот Залив.

„Ако сакате да разговарате за безбедност, не испраќајте флотили во Персискиот Залив. Тоа е мала водена површина. Со испраќање воени бродови не ја штитите слободата на пловењето, туку ја ограничувате“.

Британија, Австралија и Бахреин досега се приклучија на американската безбедносна мисија за пружање заштита на трговските бродови на Блискиот Исток.

„Не можете да имате остров на безбедност благодарение на својата флота во Персискиот Залив сѐ додека САД водат економска војна против Иран“, заклучи шефот на иранската дипломатија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе