Иран погуби маж обвинет за шпионажа за САД и Израел

Иранец обвинет за шпионирање за американската и иранската разузнавачка служба, е егзекутиран во понеделник, јави иранската државна новинска агенција ИРИБ.

Фото: ЕПА

Минатиот месец, судството потврди дека Махмуд Мусави-Мајд, уапсен во 2018 година, шпионирал против поранешниот командант на Револуционерната гарда Касем Сулејмани, додавајќи дека случајот не бил поврзан со убиството на Сулејмани.

Портпаролот на судството, Голамхосеин Есмаили рече дека Мајд бил во контакт со иранските воени советници кои работеле во земјата, додека собирал информации за министерот за одбрана на Иран, за единицата Кудс на Револуционерната гарда и движењата на воени функционери, вклучувајќи го и командантот на Кудс, генералот Касем Сулејмани, кој е убиен во американски воздушен напад во Багдад во јануари.

Есмаили не наведува како Мајд добил пристап до такви информации.

Судството соопшти дека Мајд бил уапсен пред убиството на Сулејмани и не бил поврзан со неговото убиство.

Сулејмани бил убиен на 3 јануари во американски напад со беспилотно летало во Ирак. Вашингтон го обвини Сулејмани, командант на единицата Кудс на Револуционерната гарда, за планирање напад врз американски сили во регионот.

Егзекуцијата е во време кога милиони Иранци на социјалните мрежи јавно протестираат против смртна казна за тројца мажи обвинети за учество на антивладини протести во ноември минатата година.

Егзекуциите се прекинати, соопшти во неделата еден од нивните адвокати, Бабак Пакниа.

Активисти за човековите права велат дека целта на изречените смртни казни на тројцата мажи е да се заплашат идните демонстранти.

Сведок изјави дека безбедносните служби испукале солзавец минатиот четврток за да ги растерат демонстрантите во југозападниот град Бехбахан, кои протестирале против економските проблеми, но и против смртните казни на тројцата мажи.

Иранските верски водачи се обидуваат да спречат избувнување на антивладини протести какви што имало во ноември минатата година. Се верува дека тогаш, во најтешките улични судири од Исламската револуција во 1979 година, загинале неколку илјади луѓе.

Минатогодишните протести започнале поради економската состојба, но прераснале во политичко незадоволство на жителите кои барале смена на највисоките функционери.

Иранската економија, погодена од санкциите на САД кои го стопирале извозот на нафта, дополнително се влошила како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе