Иран: Подготвени сме за размена на затвореници со Соединетите Држави

Иран е подготвен за целосна размена на затворениците со Соединетите Држави, изјави портпаролот на иранската влада Али Рабиеи, пишува во неделата иранскиот портал Кабаронлајн.

EPA-EFE/STRINGER

„Подготвени сме да размениме ирански и американски затвореници и да разговараме за ова прашање, но Американците сè уште не одговориле“, рече Рабиеи.

„Загрижени сме за безбедноста и здравјето на Иранците во затворите. Америка ја сметаме одговорна за безбедноста на Иранците во кризата со коронавирусот“, рече Рабиеи, според Кабаронлајн.

САД и Иран разменија затвореници во 2019 година во редок чин на соработка на долгогодишните непријатели. Американскиот студент Шиуи Вонг бил три години во затвор во Иран поради обвиненија за шпионажа, а иранскиот истражувач на матични клетки Масуд Солејмани бил притворен во САД заради кршење на санкциите.

Техеран и Вашингтон сè уште се во непријателски односи, откако американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година се повлече од иранскиот нуклеарен договор со светските сили од 2015 година и ги врати санкциите кон Техеран што ѝ штетат на иранската економија.

„Нема потреба трета земја да посредува меѓу Иран и Америка за размена на затвореници“, рече Рабиеи.

Тројца ирански функционери за Ројтерс минатата недела изјавија дека се работи за размена на затвореници меѓу двете земји.

Мајкл Вајт, ветеран од американската морнарица, кој е заробен во Иран од 2018 година, најверојатно е кандидат за размена. Тој кон средината на март бил пуштен од затвор поради здравствената криза, но сè уште е во Иран.

Соединетите Држави ќе го депортираат иранскиот професор Сирус Асгари, кој е ослободен од обвинението за кражба на трговски тајни веднаш штом ќе добие медицински сертификат за напуштање на земјата, соопштија во вторникот американските и иранските власти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STRINGER

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе