Го прекрши нуклеарниот договор

Иран почнува да збогатува ураниум

Иран почна да инјектира ураниумски гас во напредни центрифуги, соопшти иранскиот портпарол за нуклеарна активност, потег со кој се прекршува нуклеарниот договор на земјата од 2015 година со светските сили.

„Сега не ни требаат, но развивањето нови типови центрифуги е на нашата агенда“, рече Бехруз Камалванди додека ги најавуваше деталите за чекорите што Техеран ги презема.

Камалванди, портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, ова го соопшти денеска, два дена откако Техеран сигнализираше дека ќе преземе дополнителни чекори што ќе го оддалечат од договорот, од кој САД се повлекоа минатата година, но другите големи потписнички се обидоа да го спасат.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе