„Мошне веројатно“

Иран „по грешка го соборил украинскиот авион“, велат американските медиуми

Иран по грешка го соборил украинскиот авион што се урна во средата во близина на Техеран со 176 лица во него, јавуваат американските медиуми. „Нелогични шпекулации“, одговори Иран.

Американските власти веруваат дека украинскиот боинг 737-800 бил погоден од ракета, јави Си-би-ес.

Украина претходно соопшти дека испитува дали авионот е соборен со ракета - но Иран го отфрли ова.

Несреќата се случи само неколку часа откако Иран изврши ракетни напади врз две воздушни бази во кои беа сместени американските сили во Ирак.

Си-би-ес њуз, цитирајќи ги американски разузнавачи, соопшти дека сателит открил инфрацрвени прикази на цели на две ракетни лансирања, проследени со еден приказ на експлозија.

Во меѓувреме, Њузвик го пренесе Пентагон и високи американски разузнавачи, како и ирачки разузнавачи, кои рекоа дека украинскиот авион бил погоден со ракета Тор од руско производство.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска рече дека „има сомневања“ во врска со авионот. „Некој можеби погрешил“, рече тој.

Во екот на тензиите предизвикани од убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани на 3 јануари, Иран соопшти дека нема да им ги предаде црни кутии ниту на Боинг, производителот на авионот, ниту на САД.

Според светските правила за авијација, Иран има право да ја води истрагата, но производителите обично учествуваат во неа.

Иранските власти ги негираа медиумските стории дека украинскиот боинг бил погоден од ракета над Техеран, оквалификувајќи ги како „нелогични шпекулации“.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе