Напад со глисери и хеликоптери

Иран објави снимка од запленувањето на британскиот танкер (ВИДЕО)

Иранската државна новинска агенција Тасним објави снимка од задржувањето на британскиот танкер Стена имперо. На снимката се гледа брод вкотвен на отворено море.

Вчера танкерот кој плови под британско знаме во Ормускиот теснец го заработи Корпусот на чуварите на Исламската револуција во Иран откако тој наводно ги прекршил меѓународните правила. Британија го осуди потегот на Техеран, нарекувајќи го „неприфатлив“.

Запленувањето се случи во екот на британско-иранските тензии, кои ескалираа откако Британија кај Гибралтар заплени ирански супертанкер.

Агенцијата Фарс претходно соопшти дека сите 23 члена на екипажот на запленетиот танкер се наоѓаат во пристаништето Бандар Абас и дека ќе останат таму до крајот на истрагата.

Ирански сили го задржаа и бродот Месдар, кој плови под либериско знаме, но тој подоцна беше ослободен.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе