Иран ни од третпат не успеа да лансира сателит во Земјината орбита

Иран денес ни од третпат не успеа да лансира сателит во Земјината орбита, потврди портпаролот на вселенскиот оддел во Министерството за одбрана.

И покрај успешното полетување од лансирната рампа, сателитот „Сафар“ („победа“) не достигна доволна брзина за да влезе во орбитата, рече Ахмад Хусеини.

Лансирањето беше внимателно следено од иранските критичари Израел и САД, кои стравуваат дека Техеран би можел да користи вселенска технологија за лансирање ракети со долг дострел.

Иранската војска минатата година неуспешно се обиде да лансира сателит од домашно производство тежок 130 килограми.

Денешново лансирање требаше да биде пресврт за националната вселенска програма пред 41-годишнината од Исламската револуција во вторник.

Хусеини рече дека инженерите ќе се обидат да го решат проблемот, но не објавија датум за следното лансирање.

Сателитот, кој исто така беше лансиран на домашна ракета, требаше да ја обиколува Земјата 15 пати на ден.

Властите во Техеран тврдат дека тој требало да собира научни податоци за временските услови, природните непогоди и за земјоделството и дека нема никаква воена намена, во согласност со меѓународните правила.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе