Иран: Нема да има војна со САД

Меѓу Иран и САД нема да има воен конфликт, изјави секретарот на иранскиот Врховен национален безбедносен совет, а пренесе иранската државна новинска агенција ИРНА.

Загриженоста поради можен воен судир меѓу САД и Иран порасна по минатонеделните напади врз два нафтени танкери во Оманскиот Залив.

Вашингтон го обвини долгогодишниот непријател Иран за нападите, но Техеран негира каква било вмешаност.

„Меѓу Иран и Америка нема да има воен конфликт бидејќи нема причина за војна. Обвинувањето други земји стана вообичаена пракса кај американските функционери кога се обидуваат да извршат притисок врз други земји“, кажа Али Шамхани.

Во меѓувреме портпаролот на иранската Организација за атомска енергија Бехруз Камалванди кажа дека Техеран нема да го продолжи двомесечниот рок за почетокот на повлекувањето од обврските договорени во рамки на нуклеарниот договор.

Иран во мај престана да исполнува некои обврски од нуклеарниот договор склучен со светските сили, откако САД еднострано се повлекоа од договорот во 2018 и повторно му наметнаа санкции на Техеран.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека повлекувањето од дел од обврските кон тој договор е „минималната мерка“ која Техеран можел да ја усвои.

Тој денес истакна дека Иран нема да преговара со САД под притисок.

Иран во мај објави дека ќе почне да збогатува ураниум на повисоко ниво ако светските сили не ја заштитат иранската економија од американските санкции во рок од 60 дена.

„Иранскиот двомесен рок за преостанатите потписнички на нуклеарниот договор не може да биде продолжен, а втората фаза ќе биде спроведена според планираното“, кажа Камалванди.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе