Иран не планира вечно да преговара за „оживување“ на нуклеарниот договор

Оживувањето на Договорот за нуклеарната програма на Иран е можно, но Техеран нема вечно да преговара, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саед Хатибзадех.

Фото: ЕПА

„Од непоколебливата заложба за зачувување на договорот што Соединетите Држави се обидоа да го отфрлат, Иран беше најактивната страна за време на разговорите во Виена и даде најмногу предлози“, напиша Хатибзадех на Твитер, алудирајќи на преговори насочени кон спасување на Договорот.

Иран и САД индиректно преговараат за одржување на договорот меѓу Техеран и шесте светски сили од 2015 година, со кој Иран ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите.

САД се повлекоа од Договорот во 2018 година, за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Новиот американски претседател Џозеф Бајден сака да го оживее Договорот.

„Ние сè уште веруваме дека е можен договор, доколку САД одлучат да се откажат од пропаднатото наследство на Трамп. Иран нема вечно да преговара“, нагласи Хатибзадех.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе