Иран најави ново кршење на обврските од нуклеарниот договор (ВИДЕО)

Иран ќе преземе уште еден чекор кон намалување на своите обврски од историскиот нуклеарен договор од 2015 година, најави денес шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф без да наведе детали, а пренесе новинската агенција ИЦАНА.

Иран повтори дека ќе ги намали обврските и дека можеби целосно ќе се повлече од договорот ако преостанатите потписнички не ја заштитат иранската економија од санкциите наметнати од Вашингтон откако лани се повлече од договорт.

„Третиот чекор во намалувањето на обврските (од нуклеарниот договор) ќе биде применет во сегашната ситуација“, кажа Зариф. „Кажавме дека ако останатите не го применуваат целосно договорот, тогаш и ние нецелосно ќе го применуваме“.

Минатиот месец Техеран се закани дека ќе ги придвижи деактивираните центрифуги и ќе го зголеми степенот на збогатување на ураниум за 20 отсто што би било отстапување од потпишаните обврски.

Стравот од војна на Блискиот Исток со глобални последици порасна откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година реши да се повлече од историскиот договор кој Иран го склучи во 2015 со светските сили со што се откажа од развој на нуклеарно оружје во замена за намалување на санкциите.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе