Иран на нозе по проповедта на верскиот лидер (ФОТО+ВИДЕО)

Антиамерикански демонстрации за поддршка на сегашната влада се одржани во многу градови во Иран.

Извештаи од различни делови на земјата се емитувани од иранската државна телевизија, а демонстрации се одржани во Мешед, Казвин, Керман, Ахваз и во други градови.

Учесниците на митингот носеле портрети од врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи како и антиамерикански постери. Покрај тоа, многумина носеле слики од убиениот генерал Касем Сулејмани.

Демонстрациите се одговор на проповедта на Хамнеи на муслиманскиот свет ден - петок.

Духовниот лидер одржа проповед за прв пат по осум години. Во оваа прилика тој ги обвини САД за кукавичлак за убиството на Сулејмани, повика на недоверба во Европа и побара да продолжи истрагата за падот на украинскиот авион.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе