Иран му одговори на Трамп: Мислиме дека сте срушиле ваш дрон, наш не е

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска негираше дека Иран загубил беспилотно летало во Ормускиот Теснец. САД веројатно „по грешка“ собориле свој сопствен дрон, рече тој.

„Немаме загубено ниедно беспилотно летало во Ормускиот теснец, ниту на друго место. Јас сум загрижен дека УСС Боксер соборил американско беспилотно летало по грешка!“, напиша Аракчи на Твитер, откако американскиот претседател вчера соопшти дека воениот брод соборил ирански дрон.

Доналд Трамп во четвртокот рече дека дронот летал на околу 900 метри од американскиот воен брод и ги игнорирал „повеќекратните повици за повлекување“.

Дронот беше „веднаш уништен“, рече Трамп.

Високиот дипломат на Техеран, Мохамад Џавад Зариф, во четвртокот на новинарите им рече дека „нема информации дека денес е загубено беспилотно летало“, кога пристигнуваше во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Конфронтацијата меѓу двата непријатели доаѓа откако Техеран минатиот месец собори американско шпионско беспилотно летало за кое рече дека летало во неговиот воздушен простор, тврдење што САД го негираа.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе