Според ирански воен претставник

Иран може да потопува американски воени бродови со „нови тајни оружја“

Иран може да ги потопува американските воени бродови испратени во регионот на Заливот, користејќи проектили и „тајни оружја“, рече висок претставник на иранската воена служба, пренесе денеска полуофицијалната новинска агенција Мизан.

САД во петокот објавија дека испраќаат 1.500 војници на Блискиот Исток, опишувајќи го тоа како обид за зајакнување на одбраната против Иран, откако ја обвинија иранската Револуционерна гарда за директна одговорност за нападите врз саудиските танкери месецов.

„Америка... испраќа два воени брода во регионот. Ако тие направат и најмала глупост, ние ќе ги испратиме овие бродови на дното на морето, заедно со нивниот екипаж и авиони, користејќи две ракети или две нови тајни оружја“, изјавил за Мизан генералот Мортеза Корбани, советник на воената команда на Иран.

Постапката на САД е најнова во низата акции на администрацијата на Трамп, која постојано истакнува дека гледа закана од потенцијален напад од Иран и го забрзува распоредувањето на борбена група на носач на авиони и бомбардери и дополнителни ракети Патриот на Блискиот Исток.

Западните експерти велат дека Иран често ги преувеличува своите оружени капацитети, иако се загрижени поради неговата ракетна програма и особено поради балистичките ракети со долг дострел, вели Ројтерс.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе