По убиството на главниот нуклеарен научник

Иран: „Ќе се одмаздиме за кукавичкиот чин со сериозни знаци на израелска вмешаност“

„Терористите денес убија еминентен ирански научник“, рече министерот за надворешни работи на Иран на Твитер по убиството на главниот нуклеарен научник на Иран Мохсен Фахризаде во близина на главниот град Техеран.

Фото: Твитер

„Овој кукавички чин - со сериозни знаци за израелска вмешаност - укажува на очајничко хушкање на војна од сторителите.“

Министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф ја повика меѓународната заедница „да го осуди овој чин на државен терор“.

Министерството за надворешни работи му оддаде почит на Фахризаде како на „маченик“.

Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) изјави дека Иран ќе се одмазди за убиството на научникот.

„Убивањата нуклеарни научници се најочигледно кршење на глобалната хегемонија за да се спречи нашиот пристап до современите науки“, рече генерал-мајорот Хосеин Салами.

Од Израел нема коментар за веста за атентатот. Пентагон исто така одбил да коментира, според Ројтерс.

Убиството на Фахаризаде е удар врз иранските безбедносни и разузнавачки служби, кои имале задача да го заштитат, вели Би-би-си. Некои во Иран дури веруваат дека атентатот може да го извршиле ирански безбедносни сили што работеле за израелски и западни разузнавачки агенции.

 

Кој беше Мохсен Фахризаде?

Фахризаде е најреномираниот ирански нуклеарен научник и висок офицер на елитниот корпус на Исламската револуционерна гарда.

Западните безбедносни извори веќе долго време го истакнуваат како исклучително моќен и клучен во иранската нуклеарна програма.

Според тајни документи до кои дојде Израел во 2018 година, тој водел програма за создавање нуклеарно оружје.

„Запомнете го тоа име“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху додека го идентификуваше Фахризеде како главен научник во програмата.

Во 2015 година Њујорк тајмс го спореди со Џ. Роберт Опенхајмер, физичарот што го режираше Проектот Менхетн, во кој за време на Втората светска војна беше произведено првото атомско оружје.

За Фахризаде, професор по физика, се вели дека го водел „Проектот Амад“, наводна тајна програма, основана во 1989 година, за истражување на потенцијалот за изградба на нуклеарна бомба. Проектот беше затворен во 2003 година, според Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

ИАЕА долго време сакаше да разговара со него како дел од истрагите за иранската нуклеарна програма.

Поради сомнежите дека Иран ја користи програмата како покритие за развој на нуклеарна бомба ЕУ, САД и ООН во 2010 година воведоа разорни санкции.

Во 2015 година Иран постигна договор со шест сили - САД, Велика Британија, Франција, Кина, Русија и Германија – по што земјата ги ограничи своите нуклеарни активности во замена за олеснување на санкциите.

Израел долго време се противеше на договорот, а во мај 2018 година американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од него. Сепак, Џо Бајден вети дека повторно ќе се вклучи во Договорот со Иран кога ќе го преземе претседателството во јануари.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе