Порака на командантот на Револуционерната гарда

Иран: Ќе ги гаѓаме САД и Израел ако направат и најмала грешка

Ако Соединетите Држави и Израел направат и најмала грешка, Иран ќе ги гаѓа, порача командантот на иранската Револуционерна гарда генерал-мајорот Хусеин Салами.

„Ако направите и најмала грешка, ќе ве гаѓаме“, истакна Салами во обраќањето по повод 40 дена од убиството на командантот Касем Сулејмани, кој беше ликвидиран во американски напад со дрон во Ирак.

Освен тоа, на церемонијата во Техеран новиот командант на специјалните единици Кудс Есмаил Гани го прочита тестаментот на Сулејмани.

Убиениот командант во него ги повика Иранците да го поддржат ајатолахот Али Хамнеи и порача дека политичките фракции треба да ги остават несогласувањата на страна, пренесува Ројтерс.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе